Познатите рапери Џала Брат и Буба Корели не им е дозволено да влезат во Србија, пренесуваат белградските медиуми.
Имено, тие имале закажан настап на музички фестивал на Ушче, но бидејќи не им е дозволен влез во Србија, организаторите морале да им го откажат настапот кој бил предвиден за 26 август.
Од Skymusic велат дека нивниот приоритет е задоволството на публиката и дека мораат, поради новонастанатите околности, да го скратат фестивалот за еден ден.
Лицата кои веќе купиле влезници за тој ден, ќе можат да ги искористат за три преостанати денови од фестивалот или доколку сакаат ќе им се вратат парите.
Во рамките на фестивалот Belgrad Music Week, кој ќе се одржи од 27 до 29 август во Ушче ќе настапи Марија Шерифовиќ. Саша Матиќ, Петар Грашо, Јелена Карлеуша, Даниел Кајмакоски и други пејачи.
