На 20.10.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царинскиот терминал, товарно возило „Волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н. (44) од Р.Србија, удрило во објект на Царинската управа, при што е оштетен дел од кровот и рампата.
На лице место извршен е увид од екипа на СВР Скопје.