Свет

Средба Ким – Путин: Разговорот беше темелен и плоден

Претседателот на Русија Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, денеска имаа средба во рускиот град Владивосток. Двајцата по разговорот кој траеше околу два часа, истакнаа дека истиот бил темелен и конструктивен.

„Разговаравме за ситуацијата на Корејскиот полуостров и разменивме мислења за мерките што треба да бидат превземени за да се подобри ситуацијата“, изјавил Путин.

Двајцата разговарале за билатералните односи, сегашната ситуација и перспективите за развој на двете земји.

„Се надевам дека нашите разговори ќе продолжат во иста насока, како плодни и конструктивни“, изјави Ким.

The post Средба Ким – Путин: Разговорот беше темелен и плоден appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни