Македонија

Средба на конституенцата на ММФ и Светска банка – нееднаквоста се намалува со инвестиции во клучните сектори

Преку спроведување на економските реформи и капитални инвестиции во здравството, образованието и социјалната грижа, може да се намали нееднаквоста и да се постигне праведен систем за сите, со што ќе се намали разликата меѓу сиромашниот и богатиот слој граѓани, беше речено на денешната средба на холандско – белгиската конституенца на ММФ и Светска Банка, чиј домаќин е Скопје.

Премиерот Заев истакна дека Република Северна Македонија преку спроведување на економските реформи и успешните фискални политики за последните две години, покажува дека е вложено во градењето на праведно општество со еднакви можности за сите.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски рече дека владата веќе презела  чекори за промена на фактичката состојба.

Директорите на ММФ и Светска Банка, Антони де Ланој и Кун Давидсе, задолжени за холандско – белгиската конституенца, велат дека земјава направила позитивни реформи кои ќе дадат резултати како во економијата така и за политиката во земјава.

Инаку на средбата на холандско – белгиската конституенца во Скопје учествуваа над 70 министри за финансии, гувернери на централни банки, високи претставници на министерствата за финансии и централните банки.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

The post Средба на конституенцата на ММФ и Светска банка – нееднаквоста се намалува со инвестиции во клучните сектори appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни