Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.
Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.
Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ. Тој изрази подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.
На средбата, обајцата ја повторија потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план. Истовремено, се согласија дека треба да се прошири и продлабочи соработката на сите полиња.
Читај и ова:
- 1.Се огласи Заев за куферчињата со пари од поранешен бугарски премиер
- 2.Од наредна година пензионерите ќе можат да работат без да им страдаат пензиите
- 3.Тешка сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид: Загина 25-годишник!
- 4.Падна француската влада
- 5.Опасна супстанца пронајдена во црвени пиперки од Македонија: Предизвикува оштетување на црниот дроб и бубрезите