Македонија

Средба Османи – Кулубаев: Ги поддржуваме напорите за мирно решавање на кризата меѓу Киргистан и Таџикистан

Средба Османи – Кулубаев: Ги поддржуваме напорите за мирно решавање на кризата меѓу Киргистан и Таџикистан

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генералното собрание на ОН, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Киргистан, Кулубаев Жинбек.

На средбата стана збор за актуелните глобални безбедносни предизвици, при што Кулубаев ги претстави видувањата на Киргистан во однос на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан.

Министерот Османи ги поздрави постигнатиот прекин на огнот и последователните напори за мирно решавање на кризата.

Истовремено, посочи дека Севeрна Македонија како членка на ОБСЕ Тројката и иден претседавач го поддржува ангажманот на полското претседателство и генералната секретарка за намалување на тензиите и стабилизација на состојбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни