Луѓето родени во мај се меѓу најсреќните и најздравите луѓе, покажа студијата на британскиот психолог Ричард Вајсман, кој го проучувал влијанието на годишните времиња врз развојот на децата.
Според студијата на неговиот тим, родените во мај имаат поголем оптимизам и попозитивен поглед на светот од другите, а тоа, како што беше проценето, се должи на влијанието на дневната светлина врз допаминот, хормонот на среќата кој го контролира центар за задоволство.
„Мајските бебиња се поиздржливи и поотпорни на многу болки од оние кои се родени во есен или зима, благодарение на комбинацијата на умерени пролетни температури и сонце. Имаат помал ризик од болести на респираторниот систем, алергии, астма и егзема, бидејќи уште на најрана возраст се соочуваат со алергени и растат заедно со природата“ – пишува во студијата на тимот на Вајсман.
Еден од заклучоците на ова истражување посочува дека мајските деца растат во луѓе со силна волја со изразена интуиција.
Од астролошки аспект, родените во мај се препознаваат по својата тврдоглавост и истрајност, поради што повеќето од нив имаат успех во деловниот живот.
– Ги краси вродена љубопитност и авантуристички дух, но во зрелата возраст се посветени на семејството и се добри родители – пишува порталот „Брајт Сајд“.
