Балкан

Српската Влада од денеска го користи новото име Република Северна Македонија

Српската Влада денеска го усвои Заклучокот за користење на името Република Северна Македонија врз основа на известувањето на официјално Скопје испратено до сите членки на ОН за промена на името, пренесува Танјуг.

„Со оглед на тоа дека Србија има добри и развиени односи со таа соседна земја, а промената на името е спроведена на правно валиден начин, Владата констатираше промена на име и во идната комуникација ќе го користи називот Република Северна Македонија или скратено Северна Македонија”, се наведува во соопштението од српската Влада.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни