Срушени сите рекорди на излезност на изборите во Унгарија

Гласачките места во Унгарија се затворија во 19 часот на историски избори обележани со рекордна излезност што би можела да стави крај на 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан.

Гласачите требаше да избираат помеѓу националистичкиот премиер Орбан, кој ќе го отслужува својот петти мандат, или промена на владата со проевропскиот конзервативец Петер Маѓар.

До 18:30 часот гласале 77,8 проценти од гласачите, објави изборната комисија, додека на последните парламентарни избори во 2022 година, до тој момент на гласачките места излегле 67,8 проценти од гласачите.

Излезноста во главниот град Будимпешта до 18:30 часот била 80,96 проценти, јавува унгарската агенција МТИ.

Околу 8 милиони граѓани имаа право да гласаат на изборите за парламентот со 199 места.

Изборите се сметаат за најважната одлука на гласачите од демократската транзиција од 1989-90 година.

Агенцијата ДПА пишува дека нема да има излезни анкети или проекции по затворањето на гласачките места, но делумните резултати се очекуваат подоцна во недела навечер.