Сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските предели ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=34°C. P=985hPa. U=28%. V=6m/s.
Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.