Променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. T=14°C. P=979hPa. U=52%. V=5m/s.
Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
