Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Наместа ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. T=6°C. P=993hPa. U=65%. V=3m/s.
Утре и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.
