Македонија

Стан од 83 квадрати продаден за над 246.000 евра во Центар!

Стан од 83 квадрати продаден за над 246.000 евра во Центар!
ФОТО 4NEWS.MK

Најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) за периодот октомври – декември 2025 година покажува зголемена активност на пазарот, со регистрирани вкупно 9.283 трансакции, што е за околу 1.000 повеќе во споредба со претходниот квартал.

Рекордни цени во Центар

Најскапиот стан во овој период е продаден во општина Центар. За површина од 83 м², купувачот платил рекордни 246.171 евра, односно околу 2.960 евра (182.404 денари) по метар квадратен.

Каде најмногу се купува и гради?

  • Најмногу станови: Општина Аеродром води со 304 продадени станови.
  • Најмногу куќи: Во Битола се регистрирани најмногу купопродажби на куќи (91).
  • Деловен простор: Центар останува бизнис центар со 31 продадена единица.
  • Новоградби: Регистрирани се 1.004 нови станови од инвеститор, а во фаза на градба моментално се над 27.500 објекти низ државата.
  • Земјиште: Најмногу земјоделско земјиште се тргувало во Куманово, а градежно во Ѓорче Петров.

Раздвоен пазар низ државата

Постои огромна разлика во активноста меѓу градовите:

  1. Најактивни: Центар (812 трансакции), Аеродром (645) и Штип (634).
  2. Најпасивни: Во дури 41 општина пазарот речиси не функционира, со помалку од 50 трансакции за три месеци. На самото дно е Пласница со само 4 регистрирани зделки.

Рентање и цени

Забележан е сериозен скок кај закупите (рентањето) со регистрирани 3.053 договори, што е за 869 повеќе од претходно. Најбарани за кирија се становите и деловните простори.

Според податоците на Народната банка, цените на недвижностите на годишно ниво пораснале за високи 25%, продолжувајќи го трендот на поскапување кој траеше во текот на цела 2025 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни