Македонија

Стартуваа изборните дебати на ТВ21 – први поканети, носителите на ИЕ. 5

ТВ21 ја започна специјалната емисија со изборни дебати. Во ова телевизиско студио први поканети се носителите на ИЕ 5. Поканата ја прифатија сите освен од партијата ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето што им ветуваат на граѓаните од оваа зона, различни одговори, но не и конкретни проекти од кандидатите за пратеници на ДУИ, коалицијата СДСМ – Беса, АА-  ААА и ДПА.

„Во оваа единица државата има направено малку,  малку инвестиции, во единицата каде Албанците кои живеат во длабоките зони на Битола и Ресен немаат елементарни услови за живот, немаат вода за пиење, не им се откупува тутунот и немаат никаква патна инфраструктура, канализација итн“, истакна Сурија Рашиди .

„Најмногу ќе се ориентираме  во економскиот дел бидејќи граѓаните имаат потреба од здрава основа, за свои приходи и истовремено гледаме дека голем дел од младите и од Албанците се иселуваат од земјата, што е голема трагедија, особено од овие места, и кога зборуваме од тој аспект важно нешто е пропорционалната поделба на буџетот“, посочи Васви Доко.

„Секој граѓанин да ја почувствува можноста на еднаквост во доделувањето функции. Потоа тука е неселективната правда како втор столб. Базирајќи се на последиците особено од Цовид-19 од здравствен и економски аспект, се главните столбови на ДУИ, тоа е обнова на економијата за еднакви можности од сите аспекти кои го сочинуваат економскиот спектар“, изјави Талат Џафери.

Дебатата започна мирно а по неколку минути со многу реплики и против реплики од носителите на листи во ИЕ 5.

„Кога се излегува со таков предлог на праг на кампањата, тоа за жал е манипулативно. Јас се чудам со храброста на предавниците на ДУИ“, порача Сурија Рашиди.

„Катастрофа, значи станува збор за коридорот 8 каде ние сме заглавени во средниот век“, додаде Васви Доко.

„Тенденцијата за присвојување на се што се случува во земјава дека го прави само еден политички субјект е да не речам, смешно, непотребно.“, порача Талат Џафери.

Кој, каква платформа и планови има во областа на економијата, правдата, здравството итн, кандидатите за пратеници имаа можност да кажат во 90 минути во емисијата за изборни дебати со по 2 минути одговор и една минута право на реплика. Се зборуваше за премиер Албанец, автопатот Охрид – Кичево, Скопје – Блаце и дивоградбите во Охрид и Струга. Цела недела ќе следат емисии со носителите на листите од другите изборни единици.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни