Македонија

Стејт Департментот ја поздрави пресудата за „Рекет“: Важна порака дека корупцијата нема да се толерира

САД преку портпаролот на Стејт Департментот ја поздрави вчерашната пресуда на Кривичниот суд, во која поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби првостепена казна затвор од седум години, додека вториот обвинет Бојан Јовановски мина со девет години.

„Пресудата за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и за шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13, испраќа важна порака дека корупцијата нема да се толерира“, изјавил портпаролот на Стејт департмент, во изјава за Гласот на Америка.

„Овој случај става јасно до знаење дека злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде казнета соодветно”, рекол портпаролот, велејќи дека одблизу го следат овој случај.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни