Стево Пендаровски е консензуалниот кандидат за претседател за кого веќе се договорија владеачката СДСМ и партиите од коалицијата.
На денешната средба раководството на СДСМ по разгледувањето на сите кандидати кои беа пријавени на огласот за претседател, одлучија тоа да биде Стево Пендаровски кој беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.
„Се надевам дека вечерва ќе застанат сите политички партии за одлуките кои се донесоа и претходно се консултираа е да застанеме сите позади Стево Пендаровск. Стево Пендаровски е надпартиски кандидат и верувам дека и ние политичките партии ќе покажеме пред граѓаните дека имаме доблес да пред се постоиме за иднината на граѓаните и државата, човек кој ги обединува сите етички заедници и верува во оваа политика“, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.