СТИНГ, англиски музичар кој е континуирано присутен на светската сцена од крајот на седумдесеттите, на 21 март ќе настапи во Загребската Арена во рамките на турнејата „My Songs“, каде ги изведува своите најголеми хитови, меѓу кои и оние со групата Полис.
Концертот на Стинг е најавен како „бујно и динамично шоу со најомилените песни, напишани за време на славната кариера на тој 17-кратен добитник на Греми награда, и со The Police и како соло изведувач“.
Поздравен како „маестрална изведба од почеток до крај“, концертот „ги носи фановите на музичко патување низ времето“, со „хитови како Fields of Gold, Shape of my Heart, Roxanne и Demolition Man и го прави еден незаборавен настан“. објавија Cherrytree Music Company, Live Nation и Charm Music.
Серијата хитови ги носи и песните Englishman In New York, Every Breath You Take, Message In A Bottle и многу други.
На турнејата го придружува рок ансамбл кој ги вклучува Доминик Милер на гитара, Џош Фрис на тапани, Руфус Милер на гитара, Кевон Вебстер на клавијатури, Шејн Сагер на хармоника и Мелиса Музик и Џин Нобл како придружен вокал. Специјален гостин е неговиот син Џо Самнер.
Последниот албум на Стинг, The Bridge, ќе биде објавен ширум светот на 19 ноември, кој „напишан и снимен во годината на глобалната пандемија“ ги открива размислувањата на Стинг за личната загуба, разделбата, заклучувањето и извонредните општествени и политички превирања.
Како што е наведено во најавата, албумот прикажува различни фази и стилови од неговата незаменлива кариера и црпи инспирација од жанровите како рокенрол, џез, класична музика и фолк и го содржи типичниот поп-рок звук на Стинг, кој особено добро се слуша на воведниот рок салво на Rushing Water и новиот инди-поп звук на If It’s Love.
Стинг неодамна премиерно ја прикажа новата неделна веб-телевизиска серија „On the Bridge“, преку која нуди интимен увид во секојдневниот живот на музичарот додека се подготвува да го лансира својот нов албум „The Bridge“.
Новата епизода е ексклузивно објавена на Sting.com секој вторник во 13 часот, секоја епизода е ексклузивна за членовите на 24-часовниот фан клуб, а потоа достапна за пошироката публика следниот ден.
Продажбата на билетите за концертот во Загреб започнува во петок, 12 ноември.
Цени на билети за стоење I 550 куни, стоење II 360 куни, долу трибина I 560 куни, долу трибина II 390 куни, трибина надолу III 320 куни, ВИП ложа 830 куни, седишта во првите редови 830 куни.
