Македонија

Стоилковски: Јовески и натаму молчи за изборниот криминал на референдумот

„Кого крие и што крие  Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески повеќе од пет месеци?“, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Љубомир Јовески, и додава:

„Зошто не се постапува во врска со изборниот грабеж?  ВМРО-ДПМНЕ има поднесено повеќе кривични пријави во кои само со една се опфатени над 200 лица за изборен криминал, за невозможно брзо гласање? Да потсетиме на рефрендумското изјаснување се гласаше за 2, 4, 5, 7, 9 секунди, што е невозможно, но можеби за Јовески е небитно?

Не се постапува ниту по пријавата за изборен поткуп, во која како доказ е поднесено видео на кое што Зоран Заев поттикнуваше и јавно повикуваше на поткуп во изборни цели? Јовески не постапува, иако минаа пет месеци од референдумот, иако сите поднесени кривични пријави се поткрепени со докази.

Државата повторно се подготвува за избори, а Љубомир Јовески е јавен обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, кривични пријави токму поврзани и се однесуваат на изборниот процес.

Дали причина за молкот е содржината на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои што се под негова команда? Зошто и за оваа истрага се тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимени и што содржат нивните разговори?“, прашува Стоилковски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни