Во интервју за ТВ21, директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов истакна дека нашата земја прави она што сите го прават низ целиот Свет, и дека сите се погодени од коронавирусот.
„Правиме исто што и целиот Свет. Сите ја имаат оваа мака. Секаде се зголемени бројките, смртните случаи, хоспитализираните. Цело време апелираме да се почитуваат мерките, кои се едноставни. Ама изгледа дека е многу тешко, и луѓето не ги почитуваат мерките“, рече Стојанов.
.
