Војната во Украина најверојатно ќе заврши на преговарачка маса. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за норвешката радиодифузна компанија.
Според него, тој чувствува огромна одговорност за решавање на конфликтот, нагласувајќи дека Украина мора да остане независна демократска држава.
Столтенберг, кој е поранешен премиер на Норвешка, ја признава можноста за ескалација на војната во Украина и нагласува дека е важно да не се влезе во конфликт кој вклучува повеќе земји во Европа.