Поврзи се

Македонија

Стопирање за урбаното дивеење – ѓорчепетровци не се откажуваат, не сакаат 17-катница во својата општина

Published

on

Стопирање на изградбата на 17-катницата во Ѓорче Петров и ревидирање на Деталниот урбанистички план кој предвидува градење на 58-метарската зграда, побара  Иницијативата за урбано дивеење. Тие денеска доставија барања до градоначалникот Александар Наумоски и до Советот, да престанат со градењето на висококатници на сметка на зеленилото овозможено од усвоениот ДУП „Северозапад-24“.

-Текстот продолжува по рекламата-

„После саботните протести одлучивме повторно да се обратиме до органите на општината и тоа под три точки. од еден: Намалување на катноста на зградите и укинување на уредбата што дозволува висина од 58 метри или 17 ката. Под два: Да се намали бруто градежната површина која сега изнесува над 90 000 метри квадратни и 800 станови. Под три: Намалување на опфатот на градежната подршина и зголемување на површината на зеленилото. Очекуваме градоначалникот Наумовски и Советот на Општина Ѓорче Петров да го прифатат ова наше барање на веќе првата наредна седница на советот“, вели Горан Костов.

Преку соопштение се огласија и од општината каде велат дека сега донесениот ДУП е изработен согласно плановите од повисоко ниво и новиот план нуди современ концепт за потребите на општината. Воедно  додаваат дека одобрение за градење се уште не е дадено.

Loading...

„Максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на целата површина за градење со височина од 58m. Зададена е височина од П до П+17 при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Протокот на воздух апсолутно нема да биде спречен. Во просторот значаен дел е одделен за зеленило. На дури 4257m² планиран е јавен парк, во зона надвор од градежни парцели“, велат од општина Ѓорче Петров.

Жителите на скопската населба Ѓорче Петров во саботата излегоа на протест против плановите на општината да дозволи изградба на 17-катницата во месноста Јурија. Од општината уверуваат дека барањето на Иницијативата ќе биде разгледано.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com