280 осомничени се приведени по нападите во кои загинаа десетици муслимани во северниот етиопски град Гондар.
Етиопската полиција соопшти дека се приведени 280 осомничени во врска со насилството што се случи во Гондар.
Додека полицијата не даде официјална изјава за бројот на загинатите, локални извори информираат дека животот го загубиле најмалку 40 лица.
По нападите на 26 април, беа одржани демонстрации за поддршка на муслиманите во главниот град Адис Абеба и други градови.
Шефот на Врховниот исламски совет на Етиопија, муфтијата Хаџи Омер Идрис, ја повика владата и побара истрага за инцидентот и откривање на сторителите.
Повикувајќи на „единство“ на етиопските муслимани и христијани, Идрис рече: „Да се вратиме на нашите корени. Она што не дефинира е хармонијата меѓу религиите и народите“.
Во Етиопија, која има приближно 110 милиони жители, муслиманите сочинуваат речиси половина од населението.
Во последниве години во земјата има пораст на етнички и верски конфликти.
Според соопштението на Врховниот совет за исламски прашања во Адис Абеба, 21 лице го загубило животот во нападот, кој е опишан како „планиран масакр“, а уништени се и некои џамии и муслимански имоти во градот.
