Македонија

Страшна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш: Се судрија четири возила

Страшна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш: Се судрија четири возила

Попладнево четири возила, од кои три патнички и едно товарно, се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш.

Од СВР – Штип ја потврдија сообраќајната несреќа без да соопштуваат подетални информации, со оглед што на лице место сè уште трае увидот и утврдувањето на околностите поради кои дошло до судирот.

Според првичните сознанија во сообраќајката нема загинати лица, а движењето на другите возила не е во прекин, односно сообраќајната полиција ги пренасочува.

Подетални информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни