Страшна несреќа во трговски центар во Перу: Падна покрив врз посетителите – има загинати, меѓу нив и дете!

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа откако се урна покрив на трговски центар, а уште 79 лица се повредени во инцидентот што се случи на Реал Плаза во Перу.

Очевидци на местото на настанот велат дека слушнале голем удар непосредно пред да се урне покривот.

– Се слушна многу силна бучава, а потоа облак прашина каде што се сруши покривот, рече сведокот.

-Во Реал Плаза длабоко жалиме што се случи во нашиот трговски центар во Трухиљо и изразуваме искрено сочувство до семејствата на починатите. Исто така, им изразуваме апсолутна поддршка на сите нивни семејства и на повредените во оваа несреќна несреќа, изјави портпаролот на трговскиот центар Реал Плаза.

Нагласија дека работат со надлежните и се приклучуваат во спасувачките напори, како и даваат поддршка на сите повредени граѓани.

– Дополнително, во знак на жалост и солидарност со жртвите, одлучивме денеска, сабота, 22 февруари, сите наши трговски центри да останат затворени низ целата земја, додаваат оттаму.

Тие исто така истакнаа дека се тука да пружат помош на сите на кои им е потребна. Истрагата е во тек.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното