Свет

Страшна сообраќајна несреќа во Шкотска, полицијата пронашла отсечена човечка глава

Страшна сообраќајна несреќа во Шкотска, полицијата пронашла отсечена човечка глава
Локалната полиција го затвори квартот Каугејт во Единбург, Шкотска, поради истрага за тешка сообраќајна несреќа, при што се појавија информации дека на местото на несреќата е пронајдена отсечена човечка глава и осакатено тело.

Полицијата наредила веднаш по несреќата да се затворат сите барови и клубови во близина, пренесува таблоидот „Сан“.

„Нешто по 19:30 часот во саботата, 2 ноември, одговоривме на пријава дека пешак бил удрен од возило. Истрагата е во тек и како резултат на тоа, улиците Блер, Гатри и Кандлмејкер Рве се затворени за пешаци и се молат граѓаните да продолжат да го избегнуваат тој простор“, се вели во соопштението на полицијата.

Полицијата постави два шатори на местото на несреќата, а сино-бела полициска лента е поставена во Улица Нидри каде има многу популарни пабови и ноќни клубови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни