Тага и неверување на Халкидики во Грција откако осумгодишно дете паднало и починало пред очите на родителите.
Трагедијата која се случи синоќа до срж ги потресе мештаните и туристите. Иако брзата помош пристигнала брзо и се обидела да реанимација, несреќното дете немало начин да се спаси. Мештаните велат дека неговите родители имаат куќа во Јерисос и дека секогаш доаѓале преку лето. – Во шок сме. Нашиот мал пријател го нема. Причината за смртта ќе се утврди при обдукцијата … Ненадејно не напушти и веста за неговата смрт се прошири како гром – изјави градоначалникот Аристотелис Валијанос. Тој вели дека сите останати се шокирале кога виделе дека не можат да го оживеат детето. – Сите во шок гледаа како животот на мало дете завршува така ненадејно. Брзата помош пристигнала брзо и детето веднаш било префрлено во болница, но за жал, не можеле да направат ништо – изјави градоначалникот.Наводно, детето имало тонзилитис и има индиции дека поради тоа боледувало од акутен перикардитис.
