Страшни обвинувања: Метју Пери обвинет дека е агресивен кон жените

Се чини дека нема крај на сагата и драмата по смртта на Метју Пери. откако многумина шпекулираа за причината за неговата смрт, беше отворена пандорината кутија од која, се чини, постојано доаѓаат нови сознанија. На ред дојдоа шокантните обвинувања дека Метју Пери бил агресивен кон жените.

Имено, шокантните наводи опишуваат како покојниот Метју Пери „фрлил масичка“ на Моли Хорвиц, неговата поранешна вереница, откако таа се посомневала дека ја изневерува.

Исто така, се вели дека го турнал Морган Мозес, кој го запознал на рехабилитација и му станал „трезен пријател“. Ја „фрлил на кревет“ за време на жестока расправија во март 2022 година.

Овие тврдења досега не се изнесени, но ако се вистинити, тие даваат многу мрачна слика за актерот кој на многумина им беше омилена ѕвезда.

Пери во своите мемоари од 2022 година, „Пријатели, љубовници и големата лоша работа“ тврди дека конечно бил трезен, по повеќекратните неуспешни обиди да се исчисти и дека платил 9 милиони долари за успехот.

Сепак, судејќи по тоа како завршил, се чини дека тоа не било вистина.

И покрај медицинскиот тим кој бил со него деноноќно во куќата, Метју успеал да добие опијати од различни девојки во неколку наврати преку апликации за запознавање.

Близок пријател на ѕвездата, кој не сакаше да биде именуван, потврди дека сето тоа е лага и дека Метју Пери никогаш не бил „чист“.

“Тој цело време лажеше дека е чист. Метју никогаш не бил. Многу е тажно. Знаете, најголемата лага што некогаш ја кажал веројатно е за себе. Тој може да биде доста манипулативна личност кога станува збор за неговата борба со употребата на дрога, но тоа беше таква борба, таква битка и тој се бореше секој ден до крај“, рекол изворот, а пренесува Дејли Мејл.

Моли Хорвиц одбила да ги коментира овие наводи, пишува Daily Mail.