Свет

СТРАШНИ СЦЕНИ ВО НЕПАЛ: Поплава збриша цело село, најмалку 17 мртви и стотици исчезнати

СТРАШНИ СЦЕНИ ВО НЕПАЛ: Поплава збриша цело село, најмалку 17 мртви и стотици исчезнати

Најмалку 17 лица ги загубија животите, а 384 луѓе, меѓу кои 291 странски државјанин, се водат како исчезнати по разорните поројни поплави што го погодија пограничниот регион меѓу Непал и Тибет.

Според информациите на Би-би-си (BBC), меѓу исчезнатите има 105 државјани на Индија, 12 од Велика Британија, како и уште 111 лица чија националност сè уште се утврдува.

Водената стихија остави зад себе језиви сцени — цели села и патишта се целосно уништени и затрупани под дебел слој од камења, кал и урнатини.

Спасувачи од Кина и Индија се вклучуваат во потрагата

Локалните власти ги мобилизираа сите расположливи ресурси, а поради размерите на катастрофата, упатија итен апел за помош до спасувачките тимови од соседна Кина и Индија. Потрагата по преживеани се одвива во исклучително тешки услови.

Според првичните извештаи на непалското Министерство за надворешни работи, поплавите најверојатно биле предизвикани од лавина што била активирана по силен земјотрес во регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни