Македонија

Струмичанец загина откако со тракторот паднал во речното корито на река Тркање

Струмичанец загина откако со тракторот паднал во речното корито на река Тркање

На 17.01.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање.

На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни