Македонија

Струмичката полиција го претресе домот на грчки државјанин и пронајде марихуана

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д.Х. од Република Грција, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.03.2019 година полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни