Македонија

СТРУМИЦА Е ГОРДА СО ВАКВИ МЛАДИ: 12-годишна пијанистка нижи интернационални успеси и ја донира секоја освоена парична награда

СТРУМИЦА Е ГОРДА СО ВАКВИ МЛАДИ: 12-годишна пијанистка нижи интернационални успеси и ја донира секоја освоена парична награда

Младата пијанистка Сара Витанова, ученик во музичкото училиште „Боро Џони “ во Струмица, нижи големи интернационални успеси, а е и голем хуманитарец.

Се работи за 12-годишна девојка која секоја своја освоена парична награда ја донира во хуманитарни цели.

Градоначалникот на Струмица на својот Инстаграм профил посочи дека е горд со вакви млади луѓе каква што е Сара Витанова.

„Млада пијанистка од Струмица која покрај огромните интернационални успеси, ја докажува суштината и смислата за тоа што значи да се биде човек, ама во вистинската смисла на зборот, во време кога тоа е практично најтешко за постигнување.

Во ова време на кризи, младата Сара ја донира секоја своја освоена парична награда за хуманитарни цели.

Сара е пример за млада успешна девојка и пушта јасна порака и до помладите и до повозрасните за тоа како вистински се сака Струмица.

Драга Сара, продолжи по патот по кој одиш, толку млада а веќе формирана комплетна личност. Струмица е горда со тебе!“, напиша Костадинов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kosta kostadinov (@kostadinov.kosta)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни