Утринските температури низ државата повторно беа ниски, а во повисоките места и на планините се задржа и снежната покривка.
Според измерените податоци, најстудено утрово беше во Крушево со –3 степени Целзиусови. На Попова Шапка беа измерени –2 степени, додека –1 степен е забележан на Скопје-Петровец, како и во Тетово и Маврови Анови.
Температура од 0 степени е измерена во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Берово, Струмица и Битола. Во Куманово, Велес, Охрид и Претор утрото започна со 1 степен. Штип, Прилеп, Кавадарци, Виница и Гевгелија измерија 2 степени, a најтопло беше во Демир Капија со 3 степени.
Во однос на снежната покривка до 7 часот, најмногу снег имаше на Попова Шапка – 32 сантиметри. Во Маврови Анови беа измерени 14 сантиметри, во Крушево 6, а во Битола и Ѓуриште по 5 сантиметри. Во Тетово снежната покривка изнесуваше 1 сантиметар.
Во текот на денот, по одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Подоцна се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се искачи над утринските вредности.
