Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, соопшти дека Владата на Република Македонија објави јавен повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди, како дел од ветувањето на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Студентите можат да користат ваучерите за купување преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер.
Кој има право да аплицира?
Сите студенти на прв циклус студии – државјани на Република Македонија.
Запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата.
Не постари од 29 години на денот на објавување на повикот.
Рок и број на ваучери
Апликациите се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 година или до исцрпување на ваучерите. Вкупно ќе бидат доделени 55.000 ваучери.
Министерот Андоновски ги повика студентите да аплицираат што побрзо и да обезбедат свој уред за учење и студирање.
Студентите добиваат ваучери за лаптопи, таблети и компјутери – аплицирајте до 20 декември!