Македонија

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк

Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари, информираат денеска од Министерството за образование и наука.

Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.

-Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk, појаснуваат од МОН.

Потсетуваат дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада апликации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни