Студентите кои веќе неколку дена се во блокада низ Србија, најавија координирани протести денеска во 34 града ширум земјата. Под слоганот „Децентрализацијата се вчитува“, тие сакаат да испратат порака дека цела Србија е обединета во политичката борба и дека и гласот на помалите градови мора да биде слушнат.
Во Белград, протестот ќе доведе до блокада на двата главни моста – Бранков мост и Газела – кои го поврзуваат градот преку реката Сава.
Иницијално, протестот под мотото „Сакаме избори“ беше најавен само во Пожаревац. Но, откако студентски и граѓански организации од други градови одлучија да им се приклучат, акцијата прерасна во национална иницијатива, со протести коишто се одржуваат или се поместени за денеска.
