Македонија утрово се разбуди во плус, односно нема минусни температури.
2 степени се регистрирани во Тетово, Kрушево, Лазарополе, Mаврови Анови, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 4 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, 5 во Струмица, Штип, Куманово, Берово, Виница, Кавадарци, 6 во Прилеп, Охрид, Претор, 7 во Битола, 8 во Демир Капија, Гевгелија.
Најмногу дожд има во Гевгелија каде се измерени 10 l/m2.
8 l/m2 во Пожаране, 7 во Пожар, 6 Крушево, Тетово, Охрид, Лазарополе, Mаврови Анови, Претор, 2 Демир Капија, Велес, Прилеп, Битола, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Струмица, Виница, Штип, Кавадарци, Тополчани.
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.