22 лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа во бразилската држава Минас Жераис, соопшти противпожарната служба.
Во соопштението се наведува дека автобусот, кој доаѓал од правец на Сао Паоло, директно се судрил со камионска приколка во близина на Теофило Отони во Минас Жераис, јавуваат медиумите во Бразил.
Според пожарникарите, на автобусот експлодирала гума, по што возачот изгубил контрола над возилото и автобусот директно удрил во приколката.
Во несреќата учествувал и автомобил кој дошол зад автобусот, во кој имало три лица.
По судирот автобусот се запалил, а според противпожарната служба изгореле 22 лица затрупани во урнатините на автобусот.
Уште 13 патници успеале да излезат од запалениот автобус и биле пренесени во блиските болници.