Се уште не се знае судбината на учениците од Јурумлери. Помина еден месец од почетокот на учебната година а тие се уште седат дома во исчекување да се отвори албанска паралелка во Идризово. Родителите, министерот за образование и градоначалникот на Гази Баба синоќа се договорија да се најде долгорочно решение а тоа е изградба на ново училиште.
Денеска иако најавија дека повторно ќе има средба за да се одлучи каде ќе ја следат наставата до изградбата на училиштето, такво нешто не се случи.
Жителите бараат што поскоро решавање на проблемот.
Извори на ТВ21 велат дека консултациите со жителите на општина Гази Баба продолжуваат во правец на наоѓање привремено решение за учениците од шесто одделение со настава на албански јазик. Долгорочното решение е изградба на нов училиштен објект за што министерот Арбр Адеми, вчера истакна дека е потребно време а процедурите за изградба на училиштето од страна на општината ќе започнат уште утре. Исто така во вторник за оваа прашање ќе се дискутира во Влада, кога треба да се одреди и динамиката за изградбата на новиот училиштен објект.
