Денеска продолжува судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, таткото на девојчето. Случајот се наоѓа во фаза на доказна постапка, а денешното рочиште ќе продолжи со изведување на докази предложени од обвинителството.
Првообвинетиот Љупчо Палевски на почетокот на рочиштето закажано за 27 јануари побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото Основно јавно обвинителство Скопје, поради, како што наведе, несоодветно спроведена истрага. Ова барање доведе до одложување на рочиштето, кое денеска продолжува.
Судењето се води од страна на судијата Ивица Стефановски, додека обвинителката Жаклина Крстевска го застапува обвинението во овој случај.