По потврдувањето на обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, правните познавачи предупредуваат дека јавноста треба да се подготви за долг, сложен и исцрпувачки судски процес, кој носи сериозни логистички и правни предизвици. Со 37 обвинети, 33 адвокати и повеќе од 250 оштетени лица, секое рочиште ќе биде тешко за организирање, а секое отсуство ќе значи ново одложување.
Иако очекувањата на јавноста се насочени кон брза правда за 62-те жртви, искуството со вакви сложени предмети покажува дека тие ретко се решаваат во кратки рокови.
Правниот аналитичар Аврамовски во изјава за МРТ оценува дека обвинението ќе биде тешко докажливо за обвинителството. Според него, предизвик ќе биде да се докаже дека сите обвинети, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, го сториле делото заеднички, како што се тврди во обвинителниот акт.
Овие анализи доаѓаат откако Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд го потврди во целост обвинението против 37-те лица, со што се создадоа услови за закажување на почетокот на судењето.
Читај и ова:
- 1.Претставена апликацијата m.uslugi: Личната карта и сите услуги на вашиот мобилен телефон
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 4 октомври 2025 година
- 3.Девојка од Охрид нападната на работно место: Полицијата трага по напаѓач кој подолго време ја вознемирувал
- 4.Македонски државјанин најверојатно загинал во Белград додека правел бомба: Целта била ликвидација на нарко-дилер, тврдат српските медиуми
- 5.ДУИ со остри обвинувања: „Северна Македонија се лизга кон статус на „трета српска република“, Мицкоски и ВЛЕН се алатки на „Српскиот свет“