Македонија

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во петок

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во петок

Денеска во Кривичен суд продолжи судењето за грозоморните убиства на Вања и Панче. Првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо.

Денеска требаше да сведочи и Гоце Трајковски, кум на Александар Ѓорчевски, но тој и натаму е недостапен за Судот, откако е вмешан во друго кривично дело, во опожарување на кафуле во скопската населба Кисела Вода.

Сведочеше вишиот инспектор во СВР Скопје, Елвис Ибрахими кој кажа дека на 03.12. годинава бил извршен претрес кај братот на Палчо, Баже, при што биле одземени лап-топ, таблет и мобилен телефон.

Судењето продолжува во петок на 20.12.2024 година со изведување материјални докази.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни