Дарко Лазиќ вчера бил сослушан во полициска станица, каде се задржал неколку часа.
Дарко Лазиќ вчера направи сообраќајна незгода на автопатот во околината на Земун, по што беше донесен на распит, а денеска е донесена одлука со каква казна ќе се соочи.
Судијата за прекршоци на Дарко Лазиќ му изрече парична казна од 150.000 динари, како и 10 месеци забрана за возење.
Дарко е казнет за предизвикување сообраќајна незгода поради несоодветна брзина и за возење без важечка возачка дозвола, која му е одземена поради неправилно и несовесно возење.
Дарко користел возачка дозвола што му била издадена во Чешка, откако во 2013 година трајно му била одземена српската возачка дозвола. Прочитајте кои се правилата кога имате две или повеќе дозволи.
Алко-тестот и наркотестот биле негативни, а Лазиќ немал забелешки на полициската постапка, а по излегувањето од полициската станица изјавил дека е виновен и дека ќе ги сноси последиците.
Дарко вчера бил сослушан кај магистратот, а медиумите објавија дека недолично се однесувал во полициската станица.
