Добрила Кацарска е предлог за нов уставен судија.
Судскиот совет едногласно ја поддржа судијката од Кривичен.
Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев посочи дека Кацарска не била предложена поради партиско политички пазарења во советот, туку затоа што била професионалец.
Предлогот, Судскиот совет го испраќа до Собранието. Пратениците треба да ја изберат за Уставен судија со просто мнозинство.
Кацарска во Уставен треба да го замени судијата Владимир Стојановски кому мандатот му истече во април годинава.
Инаку Добрила Кацарска во јавноста стана позната преку неколку судења изминативе години.
Таа му пресуди на Никола Груевски во „Тенк“. Го судеше случајот „Триста“ за набавката на возила за полицијата, но донесе и пресуди за организираниот упад во Собранието на 27 – ми април, каде ги осуди Митко Чавков, Игор Југ, Александар Василевски – Нинџа и останатите.
.
