Едно лице загина, а друго е тешко повредено кога воз и автомобил се судрија денес во близина на градот Серед во Словачка, објавува словачкиот портал „Актуелити“.
Соопштено е дека несреќата се случила на патен премин, а точната причина за несреќата сè уште не е позната.
Лицето кое загина и лицето кое беше тешко повредено биле во автомобилот. Полицијата е на местото на настанот и спроведува истрага.
Железничкиот сообраќај е прекинат, објавува „Актуелити“, додавајќи дека нема да продолжи додека не се обезбеди местото на несреќата.