Македонија

Судот одреди притвор за Артан Груби и Прпарим Бајрами

Судот одреди притвор за Артан Груби и Прпарим Бајрами

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување на мерката притвор за двајцата осомничени во случајот „Државна видеолотарија“, Артан Груби и Прпарим Бајрами.

Мерката притвор ќе биде спроведена веднаш штом осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или, пак, доколку самите се пријават во Судот во меѓувреме.

Судот ја донесе одлуката врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основано сомнение за извршување на кривичните дела, како и ризик од бегство или влијание врз текот на истрагата.

Органите на прогонот се очекува да продолжат со активностите за пронаоѓање на осомничените.

Ковачевски, Груби, Прпарим и уште пет лица добија кривична пријава

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни