Сериозна загриженост изрази Судскиот совет на Република Северна Македонија по објавата на Стејт департментот на САД, кој го стави судијата на Апелацискиот суд, Енвер Беџети, на „црната листа“.
-Ја нагласуваме својата посветеност за справување со секој облик на корупција во правосудниот систем во согласност со законите и етичките стандарди. Во таа насока Судскиот совет веќе превзема мерки согласно со неговите надлежности утврдени во Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Судскиот совет.
Оваа одлука на Стејт департментот е во врска со санкциите против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, и судијата Беџети, кои се обвинети за примање мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со осудениот Сашо Мијалков.