Суфле со кафе

Печено колаче со мека внатрешност и неверојатно силна арома на кафе

Ова суфле, освен што е брзо и лесно за подготовка, е одличен десерт со кој ќе ги изненадите вашите најблиски.

Потребни ви се:

  • 150 мл млеко
  • 60 г омекнат путер
  • 50 г кафе (еспресо, нес – какво имате)
  • 40 г брашно
  • 40 г шеќер
  • 2 јајца
  • сол

Подготовка: Прво, во поголемо тенџере сварете ги кафето и млекото. Помешајте ги путерот и брашното и ставете ги во вареното млеко. На слаб оган, мешајте ја целата смеса. Тргнете ja од оган и почекајте малку да се олади. Потоа, ставете ги двете жолчки и шеќерот  и убаво промешајте додека сè не се соедини и олади. Белките изматете ги со миксер и ставете еден прстофат сол и една супена лажица шеќер. Шлагот ставете го во смесата со кафе, притоа мешајќи од дното на тавчето кон горе. Земете калапи, намачкајте ги со путер и брашно и наполнете ги со по две третини од смесата. Од горе, попрскајте со шеќер. Печете на 200 целзиусови степени, 15 минути. Суфлето ставете го во чинија за десерт и послужете го со шоља еспресо.