Свет

СУПЕР ОРУЖЈЕТО НА ПУТИН: „Орешник“ е најновото достигнување на руската воена индустрија, неспоредливо во светот!

СУПЕР ОРУЖЈЕТО НА ПУТИН: „Орешник“ е најновото достигнување на руската воена индустрија, неспоредливо во светот!

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, одржа важен состанок со раководството на Министерството за одбрана, воено-индустрискиот комплекс и конструкторите на ракетни системи, каде откри нови детали за револуционерното оружје „Орешник“.

Според Путин, „Орешник“ не е модернизација на старите советски системи, туку сосема нов развој на руски експерти, заснован на најновите технолошки достигнувања. Ова оружје моментално нема аналози во светот, а кога се користи масовно против непријателски објекти може да се спореди со стратешко оружје, иако не е оружје за масовно уништување, туку систем со висока прецизност.

Рускиот претседател потврди дека тестовите на „Орешник“ биле успешни и ќе продолжат. Донесена е одлука за сериско производство, а системот ќе биде воведен во вооружувањето на Стратешките ракетни сили. Путин нагласи дека Русија веќе има одредени залихи на овој систем, а брзината на неговиот развој предизвикува гордост и восхит.

Заменик-претседателот на Воено-индустриската комисија Тонкошкуров посочи дека Русија може во најкус можен рок да воспостави сериско производство на ракетни комплекси „Орешник“. Путин додаде дека слични системи можат да развијат и други земји, но само за една година или подоцна, додека Русија веќе го има овој систем.

Претседателот нагласи дека развојот на такви системи е од витално значење за Русија и дека во моментов се тестираат неколку слични системи. Успехот на специјалната воена операција, како и иднината на Русија, зависат од војниците и офицерите кои, според Путин, дејствуваат стручно, храбро и професионално.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни