Суперкупот во Белфаст ќе го следат 13.000 гледачи, вели УЕФА

Европската фудбалска асоцијација соопшти дека само 13 илјади гледачи ќе бидат дозволени за натпреварот од Суперкупот на УЕФА меѓу победникот во Лигата на шампиони, Челзи, и освојувачот на Лига Европа, Виљареал.

Дуелот меѓу победниците во двете најсилни европски клупски натпреварувања ќе се игра на 11 август, со почетокот од 21 часот, на стадионот „Виндзор“ во Белфаст.

Навивачите ќе можат да аплицираат за билети со 2. август, а влезот на стадионот ќе биде дозволе со негативен ПЦР или брз антигенски тест.

Во врска со странските навивачи, кои ќе сакаат да го следат Суперкупот од трибините на „Виндзор парк“, УЕФА наведе дека тие ќе мораат да се приджуваат на препораките на локалните власти за влез во земјата на странски државјани.