Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки и имотот на сопствениците на ноќните клубови на Пелопонез поради сомневање дека парите од двајца свештеници високи во хиерархијата на Католичката црква на Грција биле на нивната сметка.
Раководството при ревизијата утврдило дека од католичката црква во ноќни клубови се инвестирани големи суми на пари кои достигнуваат околу 3 милиони евра. Оваа тактика започнала пред осум години.
Од одредени сметки што ги воделе двајца свештеници биле исплатени големи суми пари кои завршувале на сметките на одредени сопственици на ноќни клубови, што автоматски значело дека тие „вложувале“ во тој бизнис.
Откриен преку банкарски чекови
Банките ги идентификуваа овие трансакции како „сомнително движење на пари“, поради што е започната детална проверка со цел да се мапира позадината и да се идентификува реалниот број на лица инволвирани во случајот.
Во текот на истрагата се појавија индиции за сторени тешки кривични дела како проневера и перење пари.
На крајот Управата утврдила дека сумата од 3 милиони евра била проневерена од средствата на Католичката црква, а оттогаш е откриен идентитетот на двајцата свештеници и бизнисменот на ноќните клубови.
Последната трансакција е откриена пред неколку дена и се однесува на сума од 50.000 евра.
